Се поврзуваше со Челзи, Јунајтед, Милан..., но на крај го презеде Марсеј

Италијанскиот фудбалски стручњак Роберто де Зерби е назначен за нов тренер на Олимпик Марсеј, соопштија од клубот од Франција.

„Постигнавме начелен договор со Де Зерби. Клубот моментално работи на официјализирање на доаѓањето на италијанскиот тренер и неговите соработници во Олимпик.

Се подготвуваме за неговото доаѓање во наредните денови“, соопштија од клубот од Марсеј.

45-годишниот Де Зерби беше менаџер на Брајтон последните две сезони, а претходно беше тренер на Шахтјор од Доњецк, Сасуоло, Беневенто, Палермо и Фоџа. По неговото заминување од „Амакс“ беше поврзуван со многу клубови, меѓу кои Манчестер Јунајтед, Челзи, Милан...

Минатата сезона Олимпик Марсеј го освои осмото место во францускиот шампионат. Новата сезона во францускиот шампионат започнува на 18 август.