Се повредија Кавани и Муние: „Сега ми треба план Д“

Томас Тухел, предводникот на ПСЖ не верува дека својот прв голегер, Единсон Кавани ќе биде подготвен за настап на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, против Манчестер Јунајтед

Уругвајскиот голгетер, синоќа се здоби со незгодна повреда на мечот против Бордо и не го одигра второто полувреме, па по мечот германскиот стратег вели дека е во незавидна ситуација и сега му треба план Д.

„Прегледите покажаа истегнување на тетивата од десниот колк. Не знаеме колку време ќе биде отсутен. Без Нејмар и Муние, па сега многу веројатно и без Верати и Кавани, потребен ми е план Д. Сега треба да останеме мирни и да мислиме само за мечот со Јунајтед. Јас секогаш велам дека во мојот тим ќе играат најдобрите фудбалери кои ги имам на располагање во тој момент. Кои ќе играат против Јунајтед ќе видеме тогаш“, рече Тухел. 

На натпреварот против Бордо, ПСЖ остнаа и без својот прв десен бек Муние, кој поради потрес на мозокот ќе мора на „одмор“ седум дена.