Се повреди супер-талентот на Реал, одложен и неговиот дебитантски настап

Реал Мадрид остана без услугите на младиот Арда Ѓулер, кој заработи повреда и нема да може да настапи на следниот меч на „кралевите“. Турскиот фудбалер требаше да дебитира на натпреварот против Лас Палмас, но ќе мора да почека уште малку, затоа што за него следи пауза од околу две до три недели. 

Тренерот Карло Анчелоти ја потврди информацијата и рече дека нема да може да смета на Ѓулер, но 18-годишниот талент се очекува набргу да се врати во тренажен процес. Реал Мадрид летово му плати на Фенербахче 20 милиони евра за овој трансфер и го осигура потписот на еден од најталентираните фудбалери во Европа.

Минатата сезона Арда Ѓулер одигра 35 натпревари за Фенер и забележа учинок од шест голови и седум асистенции. Се очекува тој во иднина да биде еден од главните играчи во шпанскиот гигант, заедно со уште неколку млади ѕвезди кои допрва треба да блеснат во дресот на најтрофејниот европски клуб.