Се повреди судијата за Комјунити Шилд, федерацијата одреди Австралиец да ја дели правдата

Новата фудбалска сезона во Англија почнува викендов со Суперкуп дуелот меѓу двата клуба од Манчестер. Фудбалската асоцијација на Англија беше принудена да го смени судијата кој ќе ја суди саботната пресметка во Комјунити Шилд на „Вембли“.

Причината за ова е што Џон Брукс, кој првично беше одреден за главен судија, а се здоби со полесна повреда. Така неговото место ќе го заземе Австралиецот Џаред Жилет, кој инаку требаше да биде четврти судија.

Саботната пресметка ќе биде прва средба меѓу градските ривали по финалето на ФА Купот минатата сезона, кое Манчестер Јунајтед го доби со 2-1.

Овој трофеј им обезбеди учество на „црвените ѓаволи“ во Лига Европа и во голема мера беше пресуден за останувањето на Ерик Тен Хаг на „Олд Трафорд“.

Најнови вести од
Комјунити Шилд, Англија