Се повреди најдобриот фудбалер: Ова е многу горчлива вест и за Австрија и за него!

Репрезентацијата на Австрија речиси пред самиот почеток на Мундијалот остана без својот најдобар играч.

Имено, Кристоф Баумгартнер се повреди на загревањето пред пријателскиот натпревар против Тунис и во прв момент се чинеше дека не станува збор за сериозна повреда. Сепак, по прегледите со магнетна резонанца, утврдено е дека го очекува пауза од неколку недели, па офанзивецот ќе мора да го пропушти Светското првенство.

„Ова е многу горчлива вест и за Кристоф и за нас како тим. Тој беше наша клучна фигура. Сега ни преостанува само да му дадеме поддршка и да го бодриме до неговото закрепнување“, изјави селекторот Ралф Рангник.

Австријците сè уште не одлучиле кој ќе го замени повредениот играч. Како што е наведено во соопштението на нивниот сојуз, германскиот стручњак и понатаму се консултира со своите соработници.

Зад Кристоф Баумгартнер е сезона на кариерата во дресот на РБ Лајпциг. На 37 натпревари постигна 17 гола и забележа девет асистенции.