Се повреди и Робертсон, што се случува со дефанзивците на Ливерпул?

Јирген Клоп не може да крене глава од повреди, бидејќи целосниот прв избор за дефанзивата му се надвор од конкуренција за настап. 

Така, по тешката повреда на Вирџил Ван Дајк, како и повредите на Трент Александер Арнолд и Џо Гомез, од комбинација отпадна и Енди Робертсон. Бекот се повреди во тренинг кампот на репрезентацијта на Шкотска и нема да игра против Словачка. 

Робертсон одигра 120 минути во плеј-оф дуелот и се пласира со Шкотска на Европското првенство, а селекторот Стив Кларк мораше да го ослободи од дуелот со Словачка. 

Останува да се процени колку време ќе треба Робертсон да паузира и дали повредата е сериозна. Како и да е, Клоп е во сериозни проблеми и нема доволно дефанзивци за да одговори на задачите со Ливерпул, а не може да смета ниту на Мохамед Салах кој е позитивен на коронавирусот.