Се повреди и Алаба, Реал против Сити ќе има само два стопери!

Реал Мадрид има сериозни проблеми со играчкиот кадар, особено во дефанзивниот дел на тимот. Против Еспањол се повреди Антонио Рудигер, а сега клубот потврди дека повреден е и Давид Алаба.

Споре зборовите на Карло Анчелоти, двајцата нема да играат за „кралевите“ околу дваесетина дена. Италијанецот се пожали дека на листата повредени играчи има многу дефанзивци. 

„Во моментов сме во фаза на итен случај. Рудигер и Алаба се повредија, тие нема да играат во следните 20 дена и тоа се лоши вести за нас. Против Манчестер Сити ќе имаме само ва стопери на располагање, тоа се Јакобо Рамон и Раул Асенсио, како и Чуамени кој ќе помогне“, изјави Анчелоти.

Реал во следниот период ќе игра против Леганес, Атлетико Мадрид и Осасуна во Примера, но и двомеч со Манчестер Сити во Лигата на шампионите. 

За овие натпревари Анчелоти нагласи дека нема да може да смета на Рудигер и Алаба, па ќе има само две-три опции за стоперските позиции.