Сè посигурно е дека се сели во Реал, Куртоа веќе бара куќа за Азар во Мадрид

Еден Азар се очекува да биде главна ѕвезда на претстојниот преоден рок и се чини дека во следната сезона скоро сигурно ќе биде дел од тимот на Реал Мадрид.

Дека Азар ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ потврдува и последната вест од Шпанија, во која се вели дека голманот на „кралевите“, Тибо Куртоа, веќе започнал да бара куќа во Мадрид, а таа била за Еден Азар.

28-годишниот Азар својата професионална кариера ја започна во тимот на Лил, од каде во 2012 година се пресели во Челзи и постана своевидна легенда на клубот. За трансферот на Азар во Реал Мадрид се очекува „сините“ да заработат повеќе од 100 милиони евра.