Се појавија првите проблеми: Швајцарците се жалат на ужасниот терен во Штутгарт

Фудбалската федерација на Швајцарија официјално испрати жалба до УЕФА за лошиот квалитет на теренот во тренинг-кампот. 

Швајцарците се подготвуваат на стадионот на нисколигашот Штугарт Кикерс, но не се задоволни од состојбата на теренот. Селекторот Мурат Јакин изјави дека условите се благо кажано ужасни и се надева дека организаторите ќе изнајдат решение за тренирање на друг спортски објект. 

Репрезентацијата ќе го користи овој терен, но со максимална внимателност. Имаме повеќе причини за незадоволство, но мислиме дека може да изнајдеме решение“, изјави селекторот Јакин. 

Швајцарија на Европското првенство ќе се натпреварува во групата A, заедно со Унгарија, Шкотска и Германија.