ФОТО: Се појави на тренинг во дрес на лут ривал за да исфорсира трансфер

Зе

Напаѓачот на Антверпен, Дидие Ламкел Зе, направи непромислен потег кој предизвика негативни реакции во јавноста.

24-годишникот не е задоволен од управата, која не го пушта да си замине од клубот. Тоа го натера камерунскиот фудбалер да се појави на тренинг со дрес на лутиот ривал Андерлехт.

Неговата екстремна тактика да исфорсира трансфер му донесе проблем на влезната врата на тренинг центарот, каде предизвика физички конфликт со обезбедувањето. Панатинаикос се интересира за него, но Камерунецот не добива шанса да ја продолжи кариерата во Грција

Несаканиот инцидент го натера Зе да се извини на фановите, клубот и управата поради непрофесионалното однесување.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.