Се откажа од Мбапе, но Реал не се враќа со празни раце од Франција!

Добро упатените медиуми од Шпанија јавуваат дека Реал Мадрид целосно ги прекинал преговорите со ПСЖ за Мбапе и ако нешто радикално не се промени во текот на утрешниот последен ден од преодниот рок, напаѓачот ќе остане во Париз. Сепак, тоа не значи дека во текот на утрешниот ден француски репрезентативец нема да пристигне во Мадрид. 

Едуардо Камавинга за триесет милиони евра треба да потпише за „кралевите“, откако двата клуба постигнаа договор и официјализација се очекува во текот на утрешниот ден. Новиот Погба, како што го нарекуваат фудбалерот за врска на Рен, веќе дебитираше за сениорската репрезентација на Франција, а за неколку дена во Ле Ман, во рамките на квалификациите за Европското првенство за фудбалери до 21 година, ќе се соочи со македонската селекција.

ПСЖ исто така беше заинтересиран за фудбалерот, но веројатно понудата на Реал Мадрид стигнала побрзо и трансферот е договорен. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.