Се огласија од клубот на голманот кој колабираше: Васен е подобар, имаше лесна ноќ

Натпреварот од Ередивизие меѓу РКЦ Валвијк и Ајакс не го дочека својот крај, а можеше да има и трагичен епилог. Голманот на домашните Етјен Васен колабираше по еден дуел со противнички играч, на носилки беше изнесен од теренот, а сите беа преплашени за неговото здравје. 

<<< - ПОВРЗАНО - Шокантни сцени во Холандија: Голман колабираше среде меч, веднаш префрлен во болница

За среќа, чуварот на мрежата на РКЦ Валвијк на патот кон болницата се разбудил и неговата ситуација почнала да се стабилизира. Овие информации ги потврдија и од самиот клуб, кои преку соопштение известија за состојбата на Васен. 

„По синоќешните случувања, денес може даизвестиме дека нашиот голман Етјен Васен имаше полесна ноќ и продолжи да заздравува. За него сега е важно да може во мир да се опоравува во наредните часови и денови. Во името на сите од РКЦ Валвијк на Ејтен, неговото семејство и сите блиски да им посакуваме да бидат силни. Се надеваме дека наскоро повторно ќе го видиме во клубот“, стои во соопштението. 

Натпреварот не беше доигран, сите фудбалери се повлекоа во соблекувалната во 86. минута при резултат 2-3 за Ајакс.