Се огласи Тухел: Па, не играме тенис - јас ги носам одлуките и точка!

Мбапе

ПСЖ немаше проблеми во дербито на француската Лига 1 на домашен терен против Монпелје.

Тимот на Томас Тухел постигна пет гола во мрежата на противникот, но и покрај тоа имаше незадоволство на клупата за резерви. Причината беше замената на Килиан Мбапе кој мораше да го напушти теренот и не беше среќен поради тоа.

„Јас сум тренер, некој мора да ги носи одлуките и точка. Така и ќе остане, јас ќе одлучувам што ќе се случува со екипата. Не играме тенис, играме фудбал. Мора да пронајдеме почит“, изјави Германецот.

Нивната меѓусебна расправија покај аут-линијата беше причина за да се крене прашина околу францускиот првак.

>> ВИДЕО: Лутиот Мбапе влезе во расправија со Тухел затоа што го извади од игра

Германскиот тренер сметаше дека неговите ѕвезди имаа време за одмор, со оглед на тоа што противникот беше понижен.