• Саше Љолес
Кристијано Роналдо реши да се огласи на социјалните мрежи по ремито со Конго ДР на Светското првенство (1-1), упатувајќи молба за поддршка и порака за поголем фокус на следните натпревари.
Португалија одигра бледо, не успеа да го совлада африканскиот тим, а големи критики беа упатени кон Роналдо, како од навивачите, така и од поранешни фудбалски легенди.
Се очекуваше дека ѕвездата на Ал-Наср ќе даде одговор на критиките од Златан Ибрахимовиќ и Тиери Анри, но се задржа само на својот тим и своите фанови.
„Ова не е почетокот што сите го посакувавме, но далеку е од готово. Главите горе, поголем фокус и поцврста игра понатаму. Одиме да победиме на следниот натпревар“, напиша Португалецот кој го одигра дури 229. меч за својата држава.
„Европските Бразилци“ тргнаа со еден освоен бод на Мундијалот, а во второто коло од групата К, ќе бидат големи фаворити против репрезентацијата на Узбекистан.






