Се огласи и Хенес: Го потврди скандалот и објасни зошто Кан не бил во Келн

Фудбалскиот клуб Баерн Минхен успеа да ја одбрани титулата во Бундеслигата во драматична завршна рунда. „Црна дамка“ на славјето фрлија отказите на првите оперативци, Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан. Ако Босанецот беше во ложата и навиваше за својот тим до самиот крај, тоа не беше случајот со легендарниот голман. 

Се појавија информации дека тој бурно реагирал кога му било соопштено дека е отпуштен, кој самиот Кан ги демантира. Сепак, сега се огласи и Ули Хенес, почесниот претседател на Баерн. Тој нагласи дека имало немила сцена и вербален конфликт, па поради тоа Кан бил советуван да не оди на гостувањето. 

„Кан е многу интелигентен човек и дискусијата со поранешниот голман беше забавна. Големо е разочарувањето што мислев дека може да ја заврши работата само поради својот карактер. Тој наместо тоа се опкружи со советници. Имам многу почит кон него, постигна многу како играч. Дури и да не ги исполни очекувањата како директор, мојата врата за него е отворена. 

Во еден разговор тој вербално го нападна својот наследник Јан Кристијан Дресен. Поради тоа му беше советувано да не допатува во Келн, за да не дојде до ескалирање на ситуацијата“, изјави Хенес.

Клубот ќе започне нова ера со нови оперативци. Како тренер е одбран Томас Тухел, па останува да видиме дали ќе има реконструкција и во играчкиот кадар.