Се очекува спектакл од дерби: „Комити“ го најавија гостувањето во Битола

Најголемото фудбалско македонско дерби меѓу Пелистер и Вардар, овојпат за жал ќе се игра во рамките на Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ). Двата гиганти на фудбалот во Македонија се натпреваруваат во вториот ранг и се претенденти за враќање во елитата. 

Првото сезонско дерби се игра во рамките на 14. коло на ВМФЛ, а Општина Битола го искористи моментот да се промовира новата трибина на „Петар Милошевски“. Иако се шпекулираше дека нема да има опција за две навивачки групи, сепак веројатно скопјани добија дозвола за гостување. 

Навивачката група „Комити“ го најави патувањето во Битола в сабота, па се очекува вистински спектакл со двете навивачки групи, бидејќи и Пелистер ќе ја има поддршката на „Чкембарите“. 

Натпреварот во Битола се игра в сабота од 13:00 часот.