• Горан Упале
На прагот сме на најголемата сензација на Африканскиот Куп на Нации, веројатно во поновата историја на црниот континент. Брегот на Слоновата Коска в четврток од 17:00 часот ќе има прилика да го елиминира актуелниот шампион и најголем фаворит на турнирот во Камерун – Алжир.
„Пустинските лисици“ се посрамотија во првите две кола, не дадоа ниеден гол и освоија само еден бод. Ремизираа на премиерата против Сиера Леоне (0-0), а потоа загубија од Екваторијална Гвинеја (1-0). Сега, Алжирците понатаму ги носи само победа над Брегот на слоновата коска, секој останат исход ќе им значи крај на турнирот.
Сите квоти во МОZZART за натпреварот Брегот на слоновата коска - Алжир
Ситуацијата е следна: „Слоновите“ имаат четири поени и се први на табелата, а триумф им гарантира дека таму и ќе останат. Реми би можело да ги фрли на второто место, ако Екваторијална Гвинеја и Сиера Леоне не ремизираат во својот дуел. Пораз би можело да биде погубен, во случај да не биде Х на вториот натпревар, затоа што во тој случај Алжир ќе ги престигне. Во случај на ист број на поени се гледа меѓусебниот исход, што „пустинските лисици“ ќе ги донесе на второто место, а победникот од вториот меч на првото.
Најкомплицираната ситуација е ако Алжир победи, а Екваторијална Гвинеја и Сиера Леоне одиграат без победник. Тогаш Брегот на слоновата коска, Екваторијална Гвинеја и Алжир ќе имаат по четири поени, па конечниот исход на табелата ќе се одлучува и со гол-разликата. Затоа за тимот од северниот дел на континентот е важно да победи со два гола предност или повеќе. Секако, во осминафиналето ќе одат и најдобрите четири третопласирани екипи, па теоретски групата Е може да донесе и три екипи во првата нокаут-фаза.
Сите квоти во МОZZART за останатите натпревари во АКН
Алжир и Брегот на Слоновата Коска се сретнаа последен пат во четвртфиналето на натпреварувањето во 2019 година. Тогаш, по 120 минути беше 1-1, а пустинските лисици минаа понатаму по пенали и на крајот го освоија турнирот. Во истата фаза на континенталниот настан Алжир ги совлада „слоновите“ и во 2010 година, само овој пат по продолженија со 3-2. За тоа БСК се одмазди во 2013 година, кога со 3-1 ги исфрли Алжирците од Аафриканскиот Куп на нации. Сега, ќе се обиде да го повтори истото сценарио.