Се „готви“ трансфер „бомбата“ ова лето? Адвокатот на Нејмар на преговори во Барса

Ако мислевме дека ова лето најголема трансфер „бомба“ ќе биде преминот на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид во Барселона, многу веројатно сме се излажале. Според последните случувања во Каталонија, шпанскиот шампион е многу блиску до враќање во своите редови на најскапиот фудбалер во историјата, Нејмар.

Не е тајна дека двете страни подолго време се подготвени за нова соработка, но досега единствена пречка беше само ПСЖ. Дека нешто големо се „готви“ доказ е денешното присуство на адвокатот на Бразилецот во клупските простории на Барселона, каде веќе подолго време преговара со челните лица на каталонскиот клуб. 

Англиските медиуми веднаш започнаа шпекулации дека се преговара за голема размена во која ќе бидат вклучени тројца фудбалери на Барселона, плус одредена сума на пари. 

Наводно, шпанскиот шампион за потписот на Нејмар ќе ги понуди Кутињо, Семедо и Ракитиќ, а долнително ќе се преговара за сумата која ќе ја добие ПСЖ.