ВИДЕО: Сè е полесно со ваков голман – нова нестварна одбрана на Де Хеа! 

Манчестер Јунајтед потешко од очекуваното извојува победа над Вест Хем Јунајтед и ги сочува шансите за местата кои идната сезона водат во Лигата на шампионите. 

„Ѓаволите“ пред своите гледачи со минимални 2-1 го совладаа лондонскиот тим, а покрај Пол Погба, кој беше стрелец на двата гола, најзаслужен за победата беше и фантастичниот Давид Де Хеа, кој уште еднаш докажа дека сè е полесно за еден тим кога има голман како него. 

Во моментите кога „чеканите“ беа во налет, Антонио најпрво ја стресе пречката, а потоа од само неколку метри биеше незгодно со глава, но на одушевување на домашните фанови Де Хеа со нова нестварна одбрана успеа да интервенира и да го сочува својот гол. 

  • Интервенцијата на Де Хеа при ударот на Антонио: