Сè е договорено: Маурицио Сари следната недела на чело на Јувентус! 

Екиата на Челзи за само неколку дена ќе остане беше уште еден од творците на овосезонскиот успех во Лигата на Европа. „Сините“ по вторпат во својата клупска историја го освоија ова натпреварување, откако славеа во финалето на градскиот ривал Арсенал, но по само две седмици од дуелот во Баку остануваат без уште една клучна фигура. 

Синоќа беше официјализиран трансферот на Еден Азар во Реал Мадрид (100 милиони евра, плус бонуси), додека денес сите британски медиуми пишуваат дека и дефинитивно си заминува менаџерот Маурицио Сари. 

Наводно, искусниот италијански стратег ги одговорил сите услови со тимот на Јувентус и во текот на следната седмица ќе потпише договор на три години. 

Сари во редовите на Челзи пристигна пред само една сезона, а во италијанскиот шампион на клупата ќе седне како замена на Масимилијано Алегри, кој и оваа сезона не успеа да му донесе трофеј на тимот од Лигата на шампионите.