Сè е договорено: Интер Мајами на Бекам носи мега-засилување!?

Сè е подготвено за голем трансфер на Интер Мајами, тим кој е во сопствеништво на англиската легенда Дејвид Бекам. 

Како што пренесува „АС“, големо засилување за тимот кој од следната сезона ќе се натпреварува во МЛС ќе биде Единсон Кавани, еден од најдобрите светски голгетери во овој момент. 

На уругвајскиот напаѓач актуелниот договор со ПСЖ му завршува следното лето, а тоа Бекам сака да го искористи и како слободен агент да го пресели во својот тим, кој со големи амбиции ќе ги започне настапите во американската елита. 

Кавани во Европа е од 2006 година, кога се пресели во Палермо. Во својата 13-годишна кариера на стариот континент остави длабока трага, носејќи ги дресовите на Наполи и ПСЖ.