Се чека уште официјализација: Ливерпул го договори првото засилување

Истакнатиот италијански новинар Фабрицио Романо објави дека трансферот на дефанзивецот на РБ Лајпциг, Ибрахим Конате во Ливерпул е завршена работа и „црвените“ добиваат одлично засилување во последната линија за следната сезона.

Младиот Французин веќе ги договорил личните услови со англискиот гигант и ќе потпише петгодишен договор, до летото 2026 година, а официјалната потврда се очекува да биде во текот на оваа седмица.

„Црвените“ оваа сезона имаа големи проблеми со повредите на одбранбените играчи, што се покажа како кобно во одбраната на титулата. 

Ван Дајк, Гомез и Матип претрпеа сериозни повреди и надвор од стројот на Клоп беа речиси цела сезона, па затоа прва желба на германскиот стратег беше доведување на квалитетно засилување во одбранбената линија. Конате има 21 година и ги помина сите младински селекции на „триколорите“, а во Лајпциг пристигна во 2017 година од Сошо.