Се чека само официјализација: Солскјер потпишува перманентен договор со Јунајтед!

Раководните луѓе на Манчестер Јунајтед се одлучија да му понудат перманентен договор на Оле Гунер Солскјер, пренесува британскиот таблоид „Сан“.

Норвежанецот беше поставен како привремено решение по отказот на Мурињо, но по последните резултати, скоро сигурно тој ќе биде менаџер на „црвените ѓаволи“ и во наредната сезона. По неговото доаѓање тимот има неверојатни 10 победи во 11 натпревари, а тоа било и главната причина за потпишување на долгорочен договор со Солскјер.

После натпреварот со Фулам и новата победа, Солскјер во Лондон имал состанок со сопственикот Аврам Глејзер и воедно му било ветено дека во многу скоро време ќе добие перманентен договор.

Следен предизвик за тимот на Манчестер Јунајтед е утрешниот дуел од осминафиналето против ПСЖ, а нов успех уште повеќе ќе ја продлабочи неговата легенда на „Олд Трафорд“.