Се ближи крајот на сагата: Азар ја прифатил понудата на Реал, Челзи останува без првата ѕвезда

Азар трансфер

Шпанските медиуми тврдат дека работата околу трансферот на Еден Азар во Реал Мадрид е завршена работа.

Белгиецот, кој важи за еден од најдобрите фудбалери во светот, не крие дека сака еден ден да го облече дресот на „кралевите“ и дека размислува дали да се пресели во Шпанија. Се чини дека одлуката ја донел и истата ќе му донесе помала плата од онаа која што би ја добивал на „Стемфорд Бриџ“.

„Сините“ ќе добијат 170 милиони евра за услугите на својата прва ѕвезда, а шпанскиот гигант посакува во зделката да го вклучи и Хрватот Матео Ковачиќ, кој моментално настапува како позајмен фудбалер во премиерлигашот.

Се споменува и името на Марко Асенсио, кој никако не може да ја пронајде формата која што го красеше во времето на Зинедин Зидан. Младиот Шпанец не добива голема минутажа ниту кај Солари, новиот тренер на „кралскиот“ клуб, па најверојатно ќе ја побара својата среќа во Премиер лигата.

Азар, од друга страна, е подготвен да одигра уште една сезона во Англија, а дури потоа да си замине како слободен играч. Но, Челзи е премногу искусна екипа и не се очекува да дозволи да загуби талент како неговиот без никакво обештетување.