ФОТО: Историскиот момент се ближи, утрински тренинг на Македонија во Букурешт

МКД тренинг

Македонската репрезентација напорно се подготвува за првиот натпревар на Европското против Австрија кој ќе се одигра в недела.

Од пред неколку дена нашите репрезентативци се во Букурешт и веќе одржаа неколку тренинг сесии. Денешниот собир на стадионот на Стеауа беше уште една можност за Игор Ангеловски да ги подготви своите избраници за она што следува.

Кога не се на терен, македонските фудбалери прават видео-анализи на противниците во групната фаза. Засега завршните подготовки се одржуваат без никаков проблем, што се надеваме дека ќе биде случајот и во текот на утрешниот ден.

ФОТО: Фудбалска федерација на Македонија