Сцени за паметење: Летаа дронови, „шпалир“ за Џеко и порака што ги расплака Босанците! (ВИДЕО)

Емоции, аплаузи и спектакуларни сцени го одбележаа збогувањето на Един Џеко од репрезентативниот дрес на Босна и Херцеговина.

Во 61. минута Џеко го напушти теренот, по што „Билино Поље“ се претвори во сцена за посебна почест кон еден од најголемите фудбалери во историјата на босанскиот фудбал.
Над стадионот се појавија дронови кои во неколку наврати прикажаа различни моменти од блескавата репрезентативна кариера на Џеко. На крајот, целиот спектакл беше заокружен со јасна порака до легендарниот напаѓач: „Фала капитене!“

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by SportSport (@sportsportba)

Посебен момент се случи и на теренот. Фудбалерите на Босна и Херцеговина и Шведска направија шпалир за Џеко и со аплауз го испратија капитенот при неговото излегување од игра.

Беше тоа сцена полна со емоции за Џеко, но и за целиот стадион, кој му оддаде почит на човекот кој со години беше еден од симболите на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

Состави

Sergej Barbarez

3-5-2

    Грем Потер

    4-4-2