ВИДЕО: Саво Милошевиќ „полуде“ и со шише го гаѓаше судијата!

Ако против Црвена Звезда редовно редат успеси во последните неколку години, фудбалерите на Партизан не можат глава да кренат кога играт против Војводина. Екипата на Саво Милошевиќ загуби со 3-2 во Нови Сад, а натпреварот го одбележа една реакција на гостинскиот тренер.

Војводина постигна два гола во 90. минута и пораз претвори во победа. Милошевиќ во еден дел од мечот влезе в терен и со шише го гаѓаше судијата на мечот, незадоволен од арбитражата. Тренерот на Партизан експресно доби исклучување, второ за гостите по она на Сума во првиот дел. 

Милошевиќ на патот кон соблекувалната го шутна и микрофонот на телевизиската куќа која е сопственик на ТВ-правата во Линг-лонг Суперлигата.  

По шест кола во српската елитна категорија, Партизан веќе доцни шест бода зад лидерот Црвена Звезда.