ВИДЕО: Савиќ донесе голем бод за Беласица во дербито на дното со Победа

Екипата на Победа испушти голема можност да се врати во игра за опстанок во ПМФЛ, откако попладнево во рамките од 28. коло на македонскиот шампион не успеа да го сочува водството во Струмица и одигра 1-1 против домашната екипа на Беласаца. Со оваа поделба на бодовите Победа останува последна со само 20 бода, додека струмичани се деветти со 24 бода, четири помалку од Силекс, кој ја зазема позицијата која води во баражот (8). 

Домашниот тим доста мотивирано го отвори мечот и имаше тотална доминација во текот на речиси целиот натпревар. Во првите 45. минути шанси се редеа пред голот на Дарко Тофилоски, но ударите на струмичаните завршуваа или покрај голот или во рацете не добро поставениот гостински голман. 

Прв се закани Пеп Ѓорѓиев во 14. минута, но неговиот удар беше премлак за капитулација на Тофилоски, потоа Маслаќ биеше високо над голот, додека во самиот финиш од првиот дел голманот на прилепчани за секунда беше побрзо од Ѓорѓиев и повторно спаси чист гол на Беласица

  • Најитересните моменти од првото полувреме: 

Ѓоко Хаџиевски, незадоволен од играта на офанзивата, вториот дел се реши да го започне со младиот Мартин Мирчевски, кој па од својот прв контакт со топката успеа да промаши невозможното. По една мешаница пред голот на Победа, топката среќно стигна до Мирчевски, а овој како да не очекуваше ваква прилика и од половина метар не погоди празен гол. 

И кога шансите нема да се искористат, следува казна, а Беласица на своја кожа тоа го почувствува во 61. минута. Домашната одбрана киксираше по едно додавање и ѝ овозможи на Победа да развие контра „4 на 1“, која на крај во гол ја претвори Макота (0-1). 

Сепак, прилепската радост траеше кратко во Струмица, откако нововлезениот Душан Савиќ по една одлична тимска акција конечно го совлада Тофилоски и донесе израмнување на 1-1, резултат со кој заврши мечот.

  • Головите од мечот: 

Во самиот финиш Беласица имаше огромна шанса за целосен пресврт, но Тофилоски повторно беше на висината на задачата и одлично интервенираше при ударот со глава на Маслаќ.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ШкендијаШкендија 29 20 6 3 63:21 42 66
2 ВардарВардар 29 15 9 5 32:17 15 54
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 28 14 5 9 32:23 9 47
4 ШкупиШкупи 2 29 11 6 12 30:29 1 39
5 РаботничкиРаботнички 1 29 11 6 12 36:40 -4 39
6 РеноваРенова 1 29 9 9 11 34:37 -3 36
7 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 29 8 11 10 35:41 -6 35
8 СилексСилекс 29 7 10 12 20:35 -15 31
9 БеласицаБеласица 29 6 9 14 25:39 -14 27
10 ПобедаПобеда 28 5 5 18 20:45 -25 20