Савичевиќ: Терзиќ му фрли „атомска бомба“ на црногорскиот фудбал, но ние...

Југословенската фудбалска легенда, Дејан Савичевиќ, кој моментално е на чело на Црногорската фудбалска федерација, го обвини директорот на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ, за најголем виновник за скандалот пред дуелот меѓу Црна Гора и Косово

Во пресрет на квалификацискиот натпревар меѓу овие две држави селекторот Љубиша Тумбаковиќ и уште двајца фудбалери на Црвена Звезда одбија да истрчат на терен, по што наидоа на остри критики од јавноста. 

Поранешниот ас на Црвена Звезда и Милан истакна дека Терзиќ фрлил атомска бомба врз црногорскиот фудбал, и докажал дека не е човек. 

„Што да кажам друго освен дека Терзиќ фрли атомска бомба врз црногорскиот фудбал. Како и секогаш ние ќе ги преживееме овие бомби, но мора да се знае дека тој е главниот актер во целиот скандал. Со оваа постапка докажа дека не е човек, не знам ако ќе се појави во Црна Гора, како ќе излезе пред луѓето кои во минатото му помогнале. Тој беше еден од главните кои вршеа притисок врз фудбалерите на Звезда, секако и тоа преку навивачите. Дали му беше страв од навивачите, дали од тајните служби, полицијата... Се знае дека навивачите се продолжена рака на власта. Тој ден кога играме со Косово, нивната женска ракометна репрезентација исто така играше против Косово и немаше никакви проблеми“, изјави Савичевиќ. 

По овој скандал Тумбаковиќ експресно заработи отказ, па Црна Гора со нов селектор ќе ги продолжи евро-квалификациите. 

Европско првенство, Квалификации, Група A
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 АнглијаАнглија 2 2 0 0 10:1 9 6
2 ЧешкаЧешка 3 2 0 1 5:6 -1 6
3 КосовоКосово 3 1 2 0 5:4 1 5
4 БугаријаБугарија 4 0 2 2 5:7 -2 2
5 Црна ГораЦрна Гора 4 0 2 2 3:10 -7 2