Саутгејт: Задоволен сум, но мора да бидеме уште подобри

Селекторот на англиската репрезентација, Герет Саутгејт изјави дека е задоволен од убедливата победа над Иран со 6-2 (3-0), во првото коло од групата Б на Светското првенство во Катар.

По победата, спектаклот и одушевувањето на англиските медиуми, селекторот на прес-конференцијата изјави:

„Одигравме добро, имаше многу добри моменти, но нашиот пресинг и движење беа навистина одлични. Морам да бидам многу среќен, но не треба да примиме два гола во таа доцна фаза од играта. Мораме да бидеме прави против Соединетите Американски Држави. Ова е одличен почеток, но мораме да бидеме подобри“.

Саутгејт изјави дека полошата завршница на натпреварот се должи на резултатот и на многу долгото надополнување (14 минути во првото и 10 минути во второто полувреме). Селекторот на Англија истакна дека особено му се допаднал шестиот гол на натпреварот, кој го постигна Џек Грилиш во 90. минута.

„Ми се допадна е голот на Џек Грилиш, по асистенцијата на Калум Вилсон. Тој можеше да биде себичен, но мислеше на тимот“, заклучи Саутгејт.

Вечерва од 20:00 часот во групата Б играат селекциите на Велс и Соединетите Американски Држави. Во следното коло Англија на 25 ноември ќе игра против САД, а истиот ден ќе се сретнат Иран и Велс.

Состави

Герет Саутгејт

4-2-3-1

    Карлос Кеирош

    3-5-2