Саутгејт за евентуална оставка: Ми треба време да размислам

По елиминацијата на Англија во четвртфиналето на Мундијалот во Катар, главното прашање што се наметнува кај островската јавност е дали Герет Саутгејт останува на селекторската функција. Самиот селектор даде одговорот на тоа прашање.

Саутгејт со ФА има договор до крајот на Европското првенство во 2024 година, но самиот истакна дека тоа нема да биде пресудно за неговиот престој по Катар.

„На сите им треба време, па и мене, за да се донесат правилни одлуки. Тоа е нормално. Така работиме после секој турнир, седнуваме и прегледаме што сме направиле“, изјави Саутгејт.

Тој ја презеде репрезентацијата во 2016 година и го предводеше тимот на три големи натпреварувања. На Светското првенство во 2018 година ја водеше селекцијата до полуфиналето, па до финалето на Европското првенство минатата година, а сега Англија беше елиминирана во четвртфиналето.

Состави

Герет Саутгејт

4-1-4-1

    Дидие Дешамп

    4-2-3-1