Саутгејт: Очекував ваков натпревар, можевме да бидеме полуцидни во нападот

Англија и САД синоќа во Доха одиграа 0-0 во натпреварот од второто коло од групата Б на Светското првенство. Американците ги имаа позрелите шанси во првото, а Англичаните во второто полувреме. 

Со оглед на првата победа против Иран со 6-2, Саутгејт можеше да си дозволи да игра на реми, што се испостави како добра солуција за иднината на групата.

„Одигравме токму онаков натпревар како што очекував. Беше тешко, бидејќи игравме против добар противник кој е исклучително физички подготвен.

Можевме да бидеме малку полуцидни во нападот, но покажавме добра концентрација во одбраната, против противник кој многу напаѓаше. Добро ја контролиравме играта“, изјави селекторот на Англија.

Саутгејт рече и дека Светското првенство е турнирско натпреварување, во кое „треба да покажеш различни квалитети“. Англија е прва во групата Б со четири бода, Иран втор со три, Американците останаа трет со два, а Велс е четврти со еден бод. Во последното коло одлуката за патниците во осминафиналето ќе падне по натпреварите САД - Иран и Англија - Велс.

Состави

Герет Саутгејт

4-1-4-1

    Грег Берхалтер

    4-1-4-1