Саутгејт: Нема да бидам селектор ако Англија не стане европски првак

Англија е прв фаворит за титулата на Европското првенство (ЕП) кое ова лето се игра во Германија. Свесен за притисокот е и селекторот Герет Саутгејт, кој најави заминување ако не се биде најдобар.

„Гордиот албион“ има тим најзвучен според имиња, а тоа добро го знае Саутгејт, кој истакна дека нема да биде повеќе селектор ако тимот не биде прв на Стариот континент.

„Ако не бидеме европски шампиони, јас веројатно нема повеќе да бидам тука и селектор на Англија“, изјави Саутгејт.

Англичаните на ЕП 2024 се во група со Србија, Данска и Словенија.