Саутгејт: Морам да ги заштитам моите играчи, јас сум виновен за убедливиот пораз

Фудбалската селекција на Унгарија, среде Англија ѝ зададе голем удар на европскиот вицешампион. 

Со победата од 4-0, Унгарија стана првата репрезентација која постигнала четири гола на гостувањето против Англија од ноември 1953 година, кога славната унгарска „лесна коњаница“, предводена од легендарниот Пушкаш, славеше на лондонскиот „Вембли“ со 3-6.

Дел од публиката уште пред крајот на натпреварот почна да го напушта стадионот во Вулверхемптон, а оние кои останаа му довикуваа на тренерот Герет Саутгејт и играчите дека „не знаат што прават“.

„Избрав млад тим за овој натпревар. Значи, целата одговорност за резултатот е моја. Кога натпреварот не започна по наше сценарио, не можевме да го свртиме. За многу играчи, ова ќе биде корисно искуство.

Ја разбирам негативната реакција која што дојде трибините по овој резултат. Јас сум тренер на овој тим и како таков морам да ги заштитам моите играчи. Резултатот е секогаш моја одговорност“, изјави Герет Саутгејт по натпреварот.

Англија освои само два бода во четирите натпревари од третата сезона во Лигата на нации.

Состави

Герет Саутгејт

4-3-3