Саутгејт: Куман е искусен тренер, подготвени сме на сè

Герет Саутгејт, селекторот на англиската репрезентација, на официјалната прес-конференција го најави полуфиналниот дуел со Холандија. Англичанецот испрати пофални зборови за неговиот колега на спротивната страна, Роналд Куман, и истакна дека ги чека возбудлив натпревар против квалитетен противник.

„Роналд Куман е искусен тренер. Подготвени сме на сè, ќе биде возбудлив натпревар со многу добри играчи на теренот. Ни треба уште еден чекор понапред од она што го прикажавме на последниот натпревар. Јас сум многу среќен што имам прекрасна група на играчи и работиме како тим. Разгледавме детали за нашата игра, каде може да се поправиме и сите сме отворени за напредок. 

Атмосферата на ваквите натпревари секогаш била фантастична. Сигурен сум дека ќе се слушаат и нашите навивачи. Моите сеќавања од натпреварите со Холандија, од портокаловите трибини ми се живописни. Ова се натпреварите кои секој сака да ги игра“, рече Саутгејт.

Во продолжение англискиот селектор истакна дека сè уште не знае кој играч ќе настапи на левата бековска позиција, дали Лук Шо, кој штотуку се врати од повредата, или пак стандардниот на овој турнир, Киран Трипие.