Саутгејт: Импресиониран сум од Сенегал, тие се шампиони на Африка

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација Герет Саутгејт по повод натпреварот против Сенегал на Светското првенство во Катар изјави дека утрешниот ривал е шампион на Африка и има голем натпреварувачки дух.

Иако играат без Садио Мане, Сенегалците оставија одличен впечаток, посебно против Холандија и Еквадор.

„Импресионирани сме од Сенегал. Тие се шампиони на Африка. Се работи за многу горд тим, има одличен натпреварувачки дух и има дух на доверба во тимот. Имаат одлични поединци кои можат да ни направат проблеми. Овој пат заслужија да влезат во осминафиналето. Целосно сме свесни за големината на задачата што ни претстои“, додаде англискиот селектор, посочувајќи дека неговиот тим мора да биде на најдобро ниво за да победи.

Натпреварот меѓу Сенегал и Англија во осминафиналето на Мундијалот е на програмата утре од 20.00 часот..