Саутгејт: Идиотите кои го критикуваат се виновни за игрите на Мегваер!

Стоперот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Мегваер, имаше нов кикс во дуелот против Шкотска. Ривалот на Англичаните беше без удар во голот, а потоа стоперот на Јунајтед си даде автогол. Критиките кон Мегваер се константни, а на таа тема зборуваше селекторот Герет Саутгејт. 

Предводникот на Англичаните упати силни критики кон критичарите на Мегваер. 

„Мегвајер беше одличен во натпреварот со Украина викендов. Оваа реакција е последица на идиотите надвор од тимот кои го критикуваат и направија таква атмосфера. Одлично е што нашита навивачи го бранат, така и треба. 

Им правиме проблеми на своите играчи. Некои статии, некои коментари на исмевање... На него можевме да се потпреме секогаш, во најуспешниот период на англискиот репрезентативен фудбал. Можам да ги разберам шкотските навивачи, тие се забавуваат, ама тоа што самите си го правиме е смешно. Оставете го на мира“, изјави Саутгејт.

Дефанзивецот на Англија имаше една „глупост“ и во викенд пресметката со Украина кога чуваше свој соиграч, па критики почнаа и кон селекторот Саутгејт.