Саутгејт го „уби“ Грилиш: Паднат во очај, не можеше да стои на нозе во Дубаи

Англискиот фудбалер Џек Грилиш не доби повик од селекторот Герет Саутгејт на Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во Германија, па реши да замине од земјата за да заборави на се и да се релаксира.

Утехата тој ја најде во лудите забави, а тажна глетка доаѓа од Дубаи. Играчот не можеше да стои на нозе, делуваше неуредно, а луѓе мораше да му помагаат за да може да се движи. Британските таблоиди дојдоа до видеото, иако обезбедувањето бараше да не се прават фотогтафии и видеа.

Еден од сведоците во хотелот во кој престојувал Грилиш изјави дека играчот делувал неутешно, но заслужил да се опушти по тешката сезона која ја имаше со Манчестер Сити и ритамот на напорни мечеви.

Англија на ЕП 2024 е прв фаворит за титулата.