Саутгејт го објави списокот: Вејн Руни и сензацијата во ПЛ во нападот на Англија

Фудбалска легенда, Вејн Руни, и официјално ќе добие шанса да го одигра 120. натпревар за „Гордиот Албион“ и да се збогува од репрезентацијата, а навивачите на Англија ќе имаат можност да го поздрават Калум Вилсон, фантастичниот голгетер на Борнмут, кој е еден од тројцата дебитанти на новиот список на Герет Саутгејт. 

Некогашниот член на Манчестер Јунајтед и Евертон, а сегашен на ДС Јунајтед во ростерот на англискиот селектор ќе биде само за пријателската средба против САД, која се игра за една седмица, додека останатите избраници ќе конкурираат за првиот состав за натпреварот на „Вембли“ против Хрватска, во рамки од Лигата на нации. 

Во репрезентацијата на Англија се враќаат и повредените Лофтус Чик, Деле Али и Џеси Лингард, а по пауза од 12 месеци повик повторно доби Мајкл Кин. Покрај Вилсон, дебитантски повик добија и голманите на Фулам и Саутемптон, Маркус Бетинели и Алекс Мекарти. 

УЕФА Лига на нации, Лига А, Гр. 4
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ШпанијаШпанија 3 2 0 1 10:4 6 6
2 АнглијаАнглија 3 1 1 1 4:4 0 4
3 ХрватскаХрватска 2 0 1 1 0:6 -6 1