• Зоран Мишевски

Бранителот на титулата светски првак, Франција е последниот полуфиналист на годинешното Светско првенство во Катар, откако вечервa во четврфиналето ја совлада селекцијата на Англија со 2-1 (1-0).
Стрелци на дуелот, кој се играше на стадионот „Ал Бајт“ во Ал Кор пред 68.895 гледачи, беа Орелиен Чуамени во 18. минута и Оливие Жиру во 78. минута за Франција, а единствен стрелец за Англија беше капитенот Хари Кејн, кој во 54. минута реализираше пенал за израмнување.
Селекторот Саутгејт на прес-конференцијата ги пофали своите фудбалери и максимално го заштити Кејн, кој не реализира пенал за 2-2.
„Одигравме според очекувањата. Честитки и за Французите, самите се свесни дека мораа да одиграат пеколен натпревар за пласман во полуфиналето.
Нема што да се коментира за промашениот пенал, победуваме и губиме како тим. Немаше ни да бидеме тука ако не беа головите на Хари. Горд од сум начинот на кој момците играа на овој турнир“, рече Саутгејт.
Франција стана репрезентацијата која стигна најдалеку во обидот да ја одбрани титулата во овој век. До подвигот до кој досега успеале само да дојдат Италија во 1938 и Бразил во 1962 година. Сега Французите ги делат само уште два натпревара до одбрана на титулата. Во 21 век досега најблиску до одбраната на титулата стигна Бразил во 2006 година кога беше елиминиран во четвртфиналето. Франција во 2002, Италија во 2020, Шпанија во 2014 и Германија во 2018 година беа елиминирани уште во групната фаза.