• Зоран Мишевски

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт изјави дека четвртфиналниот натпревар со Франција ќе биде најголемиот тест за неговата репрезентација на Мундијалот. Веднаш по победата над Сенегал со 3-0, Англичаните свртеа нов лист и ја започнаа„ операцијата Франција“.
„Тоа ќе биде нашиот најголем тест. Тие се светски шампиони, имаат неверојатно талентирани играчи, одлични фудбалери. Многу е тешко да се игра против нив и да се постигнуваат голови. Мбапе е првокласен играч кој веќе покажа за што е способен, на овој турнир и на претходните натпреварувања. Многу добро го познаваме и Оливие Жиру. Французите имаат и добра одбрана. Каде и да погледнете имаат голем број играчи на сите позиции“, вели Саутгејт.
Капитенот на Англија, Хари Кејн синоќа го постигна првиот гол на турнирот. Тоа е 52. репрезентативен гол за Кејн и му недостига еден гол да го израмни рекордот на Вејн Руни за најмногу голови за англиската репрезентација.
„Позитивно е што нашите цели се поделени на неколку играчи и не зависиме само од еден играч“, заврши Саутгејт.
Четвртфиналето на Светското првенство меѓу Англија и Франција ќе се одигра в сабота на 10 декември. Т