Саутгејт: Џуд, Фил и Букајо имаат феноменален напредок, знаевме дека заслужуваат шанса

Герет Саутгејт, селекторот на Англија, го пофали настапот на неговите избраници на средбата со Сенегал, а особено со суперлативи зборуваше за најмладите фудбалери.

Англија со победа од 3-0 без многу проблеми се пласираше во четвртфиналето на Мундијалот каде ја очекува натпревар со моќната Франција.

„Имаме многу млади играчи, за кои знаевме дека заслужуваат шанса. Џуд, Фил, Букајо одат во вистинската насока. Напредокот што го постигнаа е феноменален. Тимот се погрижи овој натпревар да не биде толку комплициран како што очекувавме“, рече англискиот предводник.

Саутгејт очекува неговиот тим да го покаже најдоброто од себе на дуелот со Франција.

„Тие се неверојатен тим со извонреден настап на турнирот и фантастични поединци. Во овој натпревар мораме да го најдеме нашето највисоко ниво“, додаде Саутгент.

Натпреварот меѓу Франција и Англија се игра в сабота со почеток од 20:00 часот.

Состави

Герет Саутгејт

4-1-4-1

    Алиу Сисе

    4-4-1-1