Саутемптон спрема богата понуда за албанскиот напаѓач Броја

Напаѓачот на Челзи, Армандо Броја, кој настапува како позајмен играч во Саутемптон, игра одлично оваа сезона и „светците“ не кријат дека сакаат да потпишат перманентен договор со албанскиот фудбалер.

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо пренесува дека клубот од „Сен Мери“, кој од пред неколку седмици е во сопственост на српскиот бизнисмен Драган Шолак, е подготвен да издвои рекордни 25 милиони фунти. Наскоро се очекува „светците“ да испратат официјална понуда, а интерес за Броја покажа и Вест Хем.

20-годишниот корпулентен напаѓач дојде на позајмица од Челзи во август 2021 година и постигна седум гола и една асистенција во дресот на Саутемптон. Албанецот одигра само еден официјален натпревар за сениорскиот тим на Челзи, а пред да дојде на „Сент Мери“ беше позајмен во холандски Витесе.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк