Саутемптон руши клупски рекорд за 19-годишник од Манчестер Сити

Делап

Саутемптон подготвил богата понуда за млад талент на Манчестер Сити. Се работи за Лијам Делап, кој тешко дека ќе добие шанса во нападот на првата екипа на „граѓаните“.

Англиските медиуми пишуваат за 27 милиони евра кои ќе бидат платени за младиот офанзивец. Доколку дојде до договор, „светците“ ќе срушат рекорд и ќе ја направат најскапата инвестиција во својата историја. Дени Ингс е човекот кој е платен најмногу од страна на Саутемптон. За него Ливерпул доби 25 милиони евра.

Лијам има само 19 години, сè уште не му е дадена вистинска шанса на најголемата сцена, но изгледа дека Саутемптон е подготвен да ризикува.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.