ВИДЕО: Саутемптон нова ВАР-жртва - имаше ли пенал од стоперот на Барнли!?

Фудбалерите на Барнли ги освоија трите бода од тешкото гостување кај Саутемптон, со триумфот од 1-2 во средбата од 24. коло на Премиер лигата. На овој дуел беа постигнати три одлични погодоци, а далеку најдобар беше голот постигнат директно од корнер за рана предност на Барнли. 

<<< - ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Барнли со гол директно од КОРНЕР славеше на гостувањето кај Саутемптон

Сепак, за жал момент кој фрли сенка на погодоците, беше кога во финишот на сребата судијата и покрај консултација со ВАР не досуди пенал за јасно видлива игра со рака. 

  • Спорниот момент на натпреварот Саутемптон - Барнли: 

Играчите и навивачите на Саутемптон силно протестираа на одлуката, но судијата и помошниците од ВАР собата одлучија дека нема да има најстрога казна. Ова само ја надополнува веќе долгата низа на грешки и превиди во Англија каде и покрај технологијата, судиите чесно самоволно одлучуваат во спорни одлуки.