Саутемптон му врачи отказ на менаџерот Пелегрино

Премиерлигашот Саутемптон му врачи отказ на менаџерот Маурицио Пелегрино, два дена по поразот од Њукасл со 3-0. Заедно со Аргентинецот, заврши соработката и со неговите помошници Карлос Компањучи и Хаџиер Тамарит.

„Светците“ од Саутемптон се наоѓаат на 17. позиција на табелата и со оваа тенденција нема  да им биде лесно да го обезбедат опстанокот. Деновивве бордот на директори на Саутемптон ќе го назначи наследникот на Пелегрино, кој минатата сезона направи големи работи со Алавес.

Во последните неколку години Сауемптон избираше странски менаџери како Куман, Пуел и Пелегрино.