ВИДЕО: Вест Хем елиминиран од ФА Купот, Саутемптон го доби дуелот на премиерлигашите

Саутемптон победа

Џек Стивенс го постигна единствениот погодок, кој донесе победа за Саутемтпон во дуелот со Вотфорд во рамки од 4. коло во англискиот ФА Куп

Од премиерлигашите, изненадувачка елиминација доживеа Вест Хем, кој загуби на гостувањето кај Виган. Двата гола за домашниот тим ги постигна Вил Григ.

Свонси ќе мора да одигра уште еден натпревар со оглед на нерешениот резултат против Нотс Каунти, а победи во попладневните дуели запишаа уште и Шефилд Јунајтед, Хал Сити, Ковентри и Брајтон.