ВИДЕО: Саутемптон блиску до опстанок, Фулам ја прекина низата од девет порази по ред

По убедливата победа на Тотенхем против Хадерсфилд, во терминот од 16:00 часот се одиграа нови четири натпревари од 34. коло на Премиер лигата, кои главно беа меѓу тимови од долниот дел на табелата. Саутемптон на домашен терен го совлада Вулверхемптон со 3-1 и направи голем чекор кон опстанок во лигата.

  • Извештај од натпреварот:

Стрелец на двата гола за тимот од „Сент Мери“ во првиот дел беше Натан Редмонд во 2. и 30. минута, а гостите преку Вили Боли, во 28. минута, во тие моменти израмнија на 1-1. Победата на Саутемптон ја потврди Шејн Лонг со погодок во 71. минута.

Фудбалерите на Кардиф на гостински терен загубија од Барнли со 2-0 и сега се наоѓаат во тешка ситуација и се пред отпаѓање од Премиер лигата. Стрелец на водечкиот погодок на денешниот натпревар беше Чарли Вуд во 31. минута, а конечните 2-0 ги постави истиот фудбалер со гол во 92. минута.

  • Извештај од натпреварот:

Фудбалерите на Фулам ја прекинаа црната серија од девет порази по ред во Премиер лигата и на домашен терен го совладаа Евертон со 2-0. Голот за водство го постигна Том Керни во 46. минута, а победата ја потврди Рајан Бабел со погодок во 69. минута.

  • Извештај од натпреварот:

Во последниот натпревар фудбалерите на Брајтон на домашен терен убедливо се поразени од Борнмут со 0-5. Стрелци на головите за гостинот беа Гослинг, Фрејзер, Брукс, Вилсон и Станислас, а домаќините од 68. минута играа со човек помалку по исклучувањето на Кнокерт.

Денешната програма во Премиер лигата ќе биде комплетирана со дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Вест Хем на „Олд Трафорд“.