Саудиските милиони влегуваат во Италија: Сампдорија ќе стане новиот Њукасл!

Дали саудиските милиони првпат ќе влезат во италијанскиот фудбал? Новиот селектор на Саудиска Арабија, Роберто Манчини лобира саудиски фонд да го купи неговиот поранешен клуб Сампдорија.

Манчини преговарал со саудиското кралско семејство да инвестираат во Сампдорија. Поранешниот италијански шампион и вицешампион на Европа се натпреварува во Серија Б оваа сезона и лошо ја почна сезоната. Клубот во моментов е во сопственост на Андреа Радричани и Матео Манфреди. Италијанските ввесници пишуваат дека Манфреди преговара со малите акционери за купување на нов пакет акции, што ќе го зголеми неговиот удел и ќе донесе свежи средства во клубот.

Идејата на Манфреди е Сампдорија да стане дел од „мрежата“ што фондот ПИФ од Ријад ја креира низ светот. Кон средината на декември Манфреди наводно во друштво на Манчини ќе се сретне со принцот Мохамед бин Салман Ал Сауд.