Саудиските милиони не се привлечни за тренерот на Фулам

Тренерот на премиерлигашот Фулам, Марко Силва, за англиските медиуми изјави дека е потполно фокусиран на работата во лондонскиот клуб и воопшто не размислува за преселба во Саудиска Арабија. 

Деновиве силно се шпекулираше дека Силва добил богата понуда за преземање на шампионот Ал-Хилал, но португалскиот стратег ги демантираше овие информации. 

„Потполно сум фокусиран на работата во Лондон. Фулам е одличен клуб и заедно постигнавме многу позитивни резултати. Задоволен сум од приемот, од односот на управата и од нашите навивачи. Во моментов не гледам никаква причина за драстични промени“, рече тренерот. 

Силва досега го предводеше Фулам на 181 натпревар и забележа учинок од 83 победи, 65 порази и 35 нерешени резултати.